Фудбал
19. May 2023 - 9:15

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Фудбалерите на скопски Вардар го освоија македонскиот Куп во кадетска конкуренција, откако вчера во финалето на градскиот стадион во Кичево, со убедливи 4-1 ја совладаа тетовска Шкендија.

Вардар поведе во 21. минута со гол од пенал во реализација на Горјан Цветков, а десет минути подоцна Шкендија го израмни резултатот преку Даут Каримани.

До крајот на полувремето Вардар ја врати предноста со голот на Ѓорги Дошев во 43. mинута, по што во вториот дел прецизни беа Филип Јовановски (76. минута) и Зоран Фидановски (90) за убедлив триумф во кадетското Куп финале.

Во финалето на Купот во пионерска конкуренција, Шкендија вчера ја совлада Брегалница Штип со 3-2.