Живот
7. July 2024 - 16:34

Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”

Убава атмосфера, добра забава и многу публика. Ова е епилогот од овогодинешните Златни денови Кратово 2024. Викендот градот блесна во полн сјај. И двете фестивалски вечери изобилуваа со песни за сите генерации и незаборавни моменти кои долго ќе се паметат. По фолк вечерта во петокот, синоќа големиот број посетители уживаа со забавна музика.

На 6-тите Златни денови во Кратово имаше голем број на гости од цела Македонија, но и од странство.