Loading Video...
Свет
7. July 2024 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Хорор во Австралија: Три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Три деца, меѓу кои и 10 месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на австрилискиот град Синдеј. Кога пристигнала полицијата во кука имало седум деца и нивната мајка.Полицијата соопшти дека таткото е уапсен, бидејќи ги попречувал напорите на полициските службеници и пожарниакрите  да влезат во куќата и да им помогнат на децата.  

-Ова го третираме како домашно убиство, повеќекратно убиство, вели портпаролот на полицијата Дени Доерти.

На крај, Пожарникарите успеале од пламеените јазици  живи да ги извелат мајката и другите четири деца.  

 

Втор круг од парламентарните избори во Франција

Втор и последен  круг од предвремените парламентарни избори во  Франција. Се гласа за 501 од 577 места во Националното собрание, долниот дом на францускиот парламент. Екстремно десничараската партија Нациоанлен собир  на Марин ле Пен и неговите соЗјуцните водат по првиот кург со околу 34 насто од гласовите. Левичарската коалција Нов Народен фронт освои 29 проценти а центристичката колација, во која е и партијата Преродба на францсукиот претседател Емануел Макрон, го зазеде третото место.   Последните анкетите предвидуваат  дека  екстремната десница ќе има најмногу места во Националното собрание,за прв пат по Втората светска војна, но најверјотно нема да има апсолутно мнозинство од 289 места.  Според проекциите, ке обезбедат  175 до 215 пратенички мандати. 
И ако гласачите изберат партија од екстремната десница или екстремната левица, тогаш таа струја треба да се почитува. Претседателот виде како екстремизмот расте  и одлучи да им даде на луѓето шанса да разговараат и мислам дека тоа е можност изјави Жан Грасет.
Вториот круг од изборите се одвива под засилени безбедносни мерки.  Министерот за внатрешни работи Жералд Дараменен  стравува дека  ултралевите или ултрадесничарите би можеле да создат нереди. 

 

Хамас се согласи на разговори за ослободување на израелските заложници

Хамас го прифати предлогот на САД за почеток на разговори со Израел за осободување на израелските заложници. Предлогот вклучува и ослободување на војници и мажи. Претхно палестиската милитината група бараше, Тел Авив  прво да се обврзе на траен прекин на огнот во Газа  за да почнат преговори за заложниците.  Илајдници израелци и денеска  излегоа  на протести во Тел Авив и Ерусалим , барајќи Владата предводена од премиерот Нетањаху да постигне што е можно побрзо договор со Хамас  за ослободување на заложниците, грабнати  пред девет месеци. 

- Народот на Израел е со нас. Народот сака договор, народот сака да спаси животи, народот сака заложниците да се вратат дома, роднина на заложник

- Тука сум да побарам од владата да се согласи на договор за ослободување на заложниците сега, да ја прекине војната и да оди на избори, што го бараат и бараат 70 отсто од народот на Израел со месеци во моментов.