Инцко: Додик си игра со оган
Високиот претставник за БиХ, Валентин Инцко изјави дека претседателот на РС, Милорад Додик „игра со оган“ доколку нема намера да се откаже од референдумот за Денот на РС.
Инцко за Политика оценува дека одржувањето на референдумот би имало сериозни последици за БиХ и за регионот, нагласувајќи дека тоа би придонело за дестабилизација на БиХ.
– Време е да се оди на смирување на тензиите, враќање на законските процедури и атмосфера на конструктивен дијалог. Патот за решавање е сосема едноставен – почитување на уставните рамки на државата и нејзините институции. Сонувам за тоа државите кои зборуваат исти или слични јазици да ја искористат таа неверојатна предност во забрзувањето на своите чекори кон иднината, изјави тој.
Според него, во спротивно граѓаните ќе преземат чекори.
– Кој сака да живее во држави со конфликти и спорен напредок, но и потенцијали слични на рудник за дијаманти? Да ги искористиме конечно тие дијаманти големи таленти на нашиот преубав и пребогат европски југоисток, вели Инцко.
Милорад Додик вчера изјави дека не исклучува можност за забрана за одржување на референдумот за Денот на РС, но порача дека тој сепак, ќе биде одржан.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот