Харис бара уште една претседателска дебата, Трамп вели дека нема потреба
Претседателската кандидатка на Демократската партија и актуелна американска потпретседателка, Камала Харис, на партиски митинг во Северна Каролина, една од американските држави клучна за исходот од ноемвриските избори, синоќа изјави дека верува дека на гласачите им должи уште една дебата.
Неколку анкети на јавното мислење покажаа дека Харис со својот настап го победи републиканскиот противкандидат Доналд Трамп во првата претседателска дебата, пренесува „Гласот на Америка“.
Трамп преку својата социјална мрежа „Трут“ претходно најави дека нема да учествува на уште една претседателска дебата.
„Кога борец ќе загуби натпревар првото нешто што го бара е реванш. Анкетите јасно покажуваат дека во вторникот вечерта победив во дебатата против мојата пријателка Камала Харис – кандидатка на радикалната левица на демократите. Таа веднаш повика на нова дебата“, напиша поранешниот претседател на својата социјална мрежа, обвинувајќи ја актуелната администрација за лошата состојба во државата.
Тој посочи дека „трета дебата нема да има“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот