„Гласен текстилец“ бара да се повлечат новите мерки за вработените во јавниот сектор
Здружението „Гласен текстилец“ најостро се спротиставува на предложените антиковид-мерки кои се однесуваат за сите вработени во јавниот сектор, односно вработените во локалната самоуправа, во државните институции, при одење на работно место да да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или негативен ПЦР-тест направен на сопствен трошок. Во објавата на социјалните мрежи, „Гласен Текстилец“ смета дека тие се косат со позитивните прописи и меѓународни стандарди за човекови права.
–Здружението „Гласен Текстилец“ најостро се спротивставува на овие предлог мерки и укажуваме на Владата да не ги усвојува бидејќи самата Предлог-одлука за задолжително вакцинирање на вработените од јавниот сектор е неуставна и противзаконска т.е. спротивна на чл. 9,10,11 и 27 од Уставот, спротивна на членовите 6,7,14 и 25 од Законот за заштита на правата на пациентите и спротивна на членовите 8,9 и 12 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, се вели во соопштението од „Гласен текстилец“.
Бараат веднаш да бидат повлечени овие мерки кои, како што велат, задираат во човековата слобода и дејствување. Во спротивно, тие ќе покренат иницијатива за оцена на уставноста и законитоста пред Уставниот суд и ќе ги повикаат на протест вработените и од јавен и од приватен сектор против ваквите мерки.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ЗНАМ ги соопшти имињата на новите министри
-
Tема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-
Милошоски, Бендевска и Митрески избрани за потпретседатели на Собранието
-
Факултетот на Мерко се уште нема акредитација, а веќе се објавени условите за упис
-
Двојно убиство во Кратово: Жена ги избодела сопругот и свекорот
-
Лога: Уште сум против работата на Судски, ама разрешување не е решение
-
“Спорните” договорци на Токсикологија незаконски добиле плата само со потписот на Бесија Иљази