Македонија
14. јуни 2024 - 16:40

“Спорните” договорци на Токсикологија незаконски добиле плата само со потписот на Бесија Иљази

Договорците на токсикологија добиле плата за мај и за половина април само со потпис од организациската директорка Бесија Иљази. Ова е спротивно на одлуката на ДКСК која констатираше дека овие 11 лица незаконски биле ангажирани во установата бидејќи на нивните договори на дело не се потпишани двајца директори зошто министерот во заминување Илир Демири неколку дена претходно го разреши медицинскиот директор Данил Петровски.

Според информации на Сител, за ангажманот на договорците за месец и половина од буџетот на Клиниката биле исплатени околу 700.000 денари. 

Случувањата на Токсикологија ги следат во Антикорупциската комисија од каде најавија дека наредната неделела ќе преземат конкретни дејствија

Во меѓувреме иако заменик министерката за здравство побара стручниот колегиум на Клиниката да даде предлог кој да биде медицински директор истите уште во понеделникот попладне го предложиле професорот Нико Беќаровски, но тој се уште не е назначен на оваа функција.

- Очекуваме Државната комисија за спречување корупција официјално да се произнесе до Министерството за здравство за случајот со токсикологија, по што ќе ја информираме јавноста, одговорија од мз.

Но, од ДКСК информираат дека до денеска не добиле вакво барање.