Македонија
14. јуни 2024 - 16:43

Двојно убиство во Кратово: Жена ги избодела сопругот и свекорот

Семејна кавга во Кратово, резултирала со брутално двојно убиство. Жена од Скопје ги избодела својот сопруг и свекор пред очите на едно од нејзините две малолетни деца.

 Според првичните неофицијални информации, жената прво со нож го избодела нејзиниот сопруг, а потоа и свекорот којшто од долниот се качил на горниот спрат за да провери што се случило. 

Свекрвата на жената која го извршила двојното убиство, низ солзи пред камерата на Сител раскажува за крвавата ноќ вчера во Кратово. 

Полиција и Брза помош повикале соседите.

Децата биле згрижени од социјални работници, а нивен старател ќе биде нивната тетка. 

Ова семејство не е непознато за службите. Уште од 2019 година има хроника на поплаки и пријави меѓу свекрвата, мажот и неговата сопруга.

Но од Центарот за социјални служби во Кратово тврдат дека немало никакви индикатори дека 36-годишната жена можела да стори вакво брутално убиство. 

Ниту кратовчани не паметат ваков трагичен настан.

Телата се предадени на обдукција.