Македонија
14. јуни 2024 - 16:42

Лога: Уште сум против работата на Судски, ама разрешување не е решение

Министерот за правда во заминување ја предупредува идната власт да не ги распушта Судскиот и Советот на обвинители. Според Лога, тоа ќе значи загрозување на судската независност, а казната ќе треба да ја плати државата.

Судот за човекови права во Стразбур веќе работел сличен предмет во Полска, па пресудата била во корист на предвреме разрешениот член на Судскиот совет.

Лога и денес не се согласувал со работата на Судски, ама негира дека лани барал распуштање. Смета дека секој обид за дисциплина надвор од постојните закони меѓународниот фактор ќе го оцени како упад во самостојноста на судската власт.

Претходно, правда објави дека работната група подготвила законски измени за работата на Судски во кои се внесени препораките на Оценската мисија. Освен заострување на критериумите за влез во советот, се предвидува и одговорност ако членовите постапуваат незаконски. Таква постапка ќе можат да поведат најмалку двајца членови на судски или десетмина судии.