Франција го повлече својот амбасадор од Турција
Франција го повлече својот амбасадор во Турција на консултации, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека францускиот претседател Емануел Макрон треба да го провери своето ментално здравје.
Француската Влада ги оцени тие коментари како неприфатливо непристојни.
Ердоган вчера жестоко го критикуваше односот на Макрон кон муслиманите и го доведе во прашање неговото ментално здравје.
– Се што може да му се каже на шефот на државата кој на тој начин третира милиони припадници на различни верски заедници е – прво испитајте го своето ментално здравје, рече Ердоган.
Пред две недели, турскиот лидер ја осуди како провокација изјавата на Макрон за „исламски сепаратизам“ и потребата од „структурирање“ на исламот во Франција.
Предлог-законот за борба против „сепаратизмот“ во Франција, насочен кон радикалниот ислам, треба да биде доставен до Парламентот на почетокот на декември. Целта е да се зајакне секуларноста.
Ново на Сител
-
Во Прилеп се оддржа „Палачинкијада“ и се прогласи првенци на генерација
-
Преглед на вестите од светот
-
ЗНАМ ги соопшти имињата на новите министри
-
Tема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-
Милошоски, Бендевска и Митрески избрани за потпретседатели на Собранието
-
Факултетот на Мерко се уште нема акредитација, а веќе се објавени условите за упис
-
Двојно убиство во Кратово: Жена ги избодела сопругот и свекорот
-
Лога: Уште сум против работата на Судски, ама разрешување не е решение