Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
Руски воен авион вчера накратко го нарушил шведскиот воздушен простор источно од балтичкиот остров Готланд, по што бил пресретнат од шведски борбени авиони, соопштија денеска вооружените сили на оваа нордиска земја.
Во соопштението на шведските вооружени сили се наведува дека било испратено предупредување до рускиот воен авион СУ-24, но тој не реагирал, по што биле испратени шведски борбени авиони Грипен да го пресретнат.
Шведската војска соопшти дека нарушувањето на воздушниот простор било краткотрајно. „Постапките на Русија не се прифатливи и покажуваат недостаток на почит кон нашиот територијален интегритет“, изјави шефот на шведските воздухопловни сили, Јонас Викман. „Го следевме целиот синџир на настани и бевме подготвени да интервенираме“, додаде тој.
Ново на Сител
-
Мерко седна во судница, вели дека не се чувствува виновен
-
Зголемена синдикалната кошница за јуни
-
Македонија во портокалова фаза
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје на 21.06.2024 и 22.06.2024 (петок и сабота)
-
Денеска аукција за цената на струјата на ЕСМ
-
Уапсен стружанец поради изработка на лажни дипломи
-
33 годишен тетовец згазил малолетник
-
Тројца искасани од кучиња скитници во Скопје