Евакуиран суд пред сослушување на осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе
Јапонски суд беше евакуиран денеска откако беше пронајден сомнителен предмет пред сослушувањето на човекот обвинет за убиството на поранешниот премиер Шинѕо Абе, јавиоја локалните медиуми.
Тецуја Јамагами требаше да се појави во Окружниот суд Нара на неговото прво предистражно сослушување за атентатот врз Абе што го шокираше светот во јули минатата година.
Но, локацијата беше евакуирана откако на судот му беше доставена „неидентификувана торба“, јави државната телевизија како и други јапонски медиуми.
Јамагами (42) се соочува со обвиненија за убиство и кршење на законите за контрола на оружјето, а доколку биде осуден може да се соочи со смртна казна.
Тој, наводно, го таргетирал Абе поради врските на поранешниот лидер со Црквата на обединување, глобална секта.
Се верува дека Јамагами и се замерил на црквата поради големите донации што мајка му ги направила со кои неговото семејство банкротирало.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот