Џафери во официјална посета на Словенија
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери престојува во официјална посета на Република Словенија, во чии рамки ќе се сретне со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија Дејан Жидан.
Џафери ќе има средби и со претседателот на Република Словенија Борут Пахор и претседателот на Владата, Марјан Шарец.
Покрај тоа, Џафери ќе се сретне со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ работи, Комитетот за одбрана, Групата на пријателство со Република Македонија и со министерот за надворешни работи на Република Словенија.
Во Програмата за посета е предвидено и обраќање пред пратениците на Државниот Збор и средба со координаторите на пратеничките групи.
Во состав на Делегацијата предводена од претседателот на Собранието ќе бидат и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија Фросина Ташевска – Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Групата за соработка Нада Ципушева, претседател на Групата за соработка со Парламентот на Република Словенија и Шпреса Хадри, исто така член на Групата за соработка.
Ново на Сител
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!