На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети
На возилото марка „BMW“, сопственост на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, за кое минатата недела министерот Иван Стоилковиќ информираше дека е најдено во многу лоша состојба, му недостигаат делови, а одредени делови биле заменети.
Од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците денеска го објавија записникот во кој е наведено дека недостигаат делови од моторот, левата предна врата и левото предно крило се демонтирани и на нивно место се монтирани врата и крило од друго возило, демонтиран бил браникот, а целосно извадени и двете брави од левата страна.
Во записникот се наведува дека возилото било оставено на сервис во одлична состојба на каросеријата и не му недостигале делови, единствената маана бил блокираниот мотор.
Возилото било оставено во „Ауто Лакер Буњо“ во Куманово поради блокиран мотор, но не било вратено во Министерството по истекот на договорите коишто што со овој сервис биле склучени на 10 март 2022 година и на 30 мај 2023 година.
- Возилото беше однесено во овластениот сервис во текот на важност на првиот склучен договор меѓу договорните страни, од каде е констатиран сериозен дефект. По завршување на проверката и дијагностиката на возилото, утврдено е дека моторот е блокиран и дека треба да се замени со нов мотор. За состојбата беше известен Кабинетот на поранешниот министер. Поради тоа што тогашниот министер не одобри сервисирање на возилото, истото не беше сервисирано и остана во просториите на носителот на набавката, се наведува во записникот.
Административните службеници Садудин Асипи и Африм Весели, кои во име на Министерството за односи меѓу заедниците требале да го вратат возилото, имале неколку безуспешни обиди да остварат контакт со овластениот сервис.
- Министерот побара возилото да се врати назад во просториите на МОЗ. За таа цел, во повеќе наврати во телефонски повик беше контактиран овластениот сервис од моја страна (Садудин Асипи), со барање возилото да се врати во МОЗ. Од страна на сервисерот во сите наврати ми беше ветувано дека колата ќе ја врати во текот на работната недела или по наредната недела, но истото не беше реализирано. Ова барање од страна на МОЗ, односно преку мене Садудин Асипи до сервисерот траеше неколку месеци. Во првите денови од 2025 година, државниот сектретар повторно побара од мене (Садудин Асипи) уште еднаш да ја контактирам фирмата и да барам веднаш, без одлагање возилото да биде вратено во МОЗ, а дека во спротивно ќе бидат преземени мерки согласно позитивните законски прописи. Направив повеќе неуспешни обиди телефонски да стапам во контакт со овластениот сервис, по што испратив смс порака со претходно наведеното барање. Овластениот сервис не ми одговори ниту на телефонските повици, ниту на смс пораките, се наведува во записникот.
Двајцата вработени од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, на 14 јануари со овластување од државниот секретар заминуваат во Куманово каде ја констатираат лошата состојба на возилото.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период