Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
Да не се нарушува меѓуетничкиот соживот и да не се ставаат контроверзни имиња на улиците во Тетово, за сметка на градските улици што носат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ. Ова е клучното барање на тетовскиот огранок на Сојузот на борците 1941-1945 откако тетовскиот градоначланик Касами, и лидер на владината БЕСА најави именувања на улици и објекти во овој град.
Од тетовскиот Сојуз на борци бараат одлуката за преименување, спротивно на идејата на Касами, да се носи со Бадентереово мнозинство, односно со мнозинство гласови од советниците Македонци.
Борците со овие барања испратиле писмо до Касами уште во петокот, а за неговата содржина ги информирале и советничките групи во Тетово, политичките партии, до претседателката Силјановска и до надлежните министри, но засега никој не ги контактирал. Апелот е испратен и до амбасадите на ЕУ и САД во земјава.
Поддршка денеска добија од опозициската СДСМ. Филипче побара широка дебата за преимнувањето на улиците во овој град.
Од кабиентот на Касами потврдуваат дека именувањето на улиците им е прироитет бидејки имало многу улици во Тетово што се без имиња, само со бројки и тоа правело потешкотии во испораките. Сепак, од кај Касмаи тврдат дека процесот ќе бил инклузивен и дека е формирана посебна Комисија за тоа.
„Оваа комисија е составена од претставници на сите политички партии застапени во Советот на Општината, како и од експерти и граѓани. Сакаме да појасниме дека именувањето на улиците ќе го одразува културниот и историскиот диверзитет на Тетово, вклучувајќи имиња од сите заедници кои живеат во овој град. Во моментов, процесот сѐ уште е во фаза на разгледување од страна на Комисијата. Откако ќе биде завршен, сите детали за улиците и нивните нови имиња ќе бидат јавно објавени, со цел да се информираат граѓаните и да се гарантира целосна транспарентност“, велат од кај тетовскиот градоначалник.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар