Македонија
10. February 2020 - 8:48

Дискусија за информатичка технологија и учество на младите во демократски процеси на локално ниво


Дискусија за информатичката технологија и учество на младите во демократските процеси на локално ниво денеска ќе одржи здружението на Млади Европски Федералисти – Северна Македонија (ЏЕФ Северна Македонија).

Целта на дискусијата, како што информираат организаторите, е да покрене дискусија за улогата на информатичката технологија во покренувањето на иницијативи/пријавувањете на проблеми и предизивици со кои се соочуваат младите на локално ниво, како и нивно учество во локалните демократски процеси.

Настанот се организира во рамки на проектот „MAP the GAP: Enhancing youth participation in local communities project“, регионален проект координиран од Советот на млади на Федерацијата Босна и Херцеговина, а поддржан од Европската Унија преку програмата Erasmus+.