-->
-->
Церар: Ќе го „подучам“ Хант за историјата на Словенија
-->
Словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар изјави дека ќе го „подучи“ шефот на британската дипломатија Џереми Хант за историјата на Словенија.
Хант минатата недела во Љубљана го пофали напредокот на Словенија на нејзиниот пат од „советски вазал“ до успешна земја членка на Европска Унија.
– Секогаш се радуваме на посетите на британските претставници, а така ќе биде и по Брегзит, но изјавата за советски вазали е неадекватна, тоа е погрешен израз, истакна Церар.
Тој додаде дека ќе го подучи Хант за историјата на Словенија и изрази уверување дека во иднина нема да има такви „реторички трапавости“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите