Битола го одбележува денот на патронот Св. Нектариј Битолски
Без свечености и без литија, но со утринска богослужба, Преспанско-пелагониската епархија го одбележува 18. декември – Денот на свети Нектариј Битолски, патрон и заштитник на градот Битола.
Од битолската Митрополија, седиште на Преспанско-пелагониската епархија, информираат дека годинава патрониот празник на градот не се слави масовно заради пандемијата, но скромно се чествува со што продолжува традицијата востановена од 2008 година кога Св. Нектариј Битолски од Советот на Општина Битола беше прогласен за патрон заштитник на градот.
-Утрово во храмовите на Преспанско-пелагониската епархија ќе се одржи богослужба, а верниците мора да ги почитуваат здравствените мерки препорачни од Владата. Верниците кои се инфицирани од вирусот Ковид-19 да останат дома. Сите кои се заразени од таа болест или пак биле во контакт со некој што бил заразен, да не доаѓаат во црква се додека не заздрават. Треба да се почитуваат мерките нагласуваат од битолската Митрополија.
Додаваат дека верниците треба да бидат многу внимателни, ако некој е заразен од болеста предизвикана од Ковид-19, да не ја крие болеста туку веднаш да се пријави кај својот матичен лекар, да биде во самоизолација, а ако болеста стане сериозна по здравјето, да оди во болница и да се лекува.
-Да не се плашиме од ништо, да имаме само силна вера и надеж во Бога дека ќе ги совладаме сите искушенија, а со божја помош се надеваме дека во текот на идната година, во првото тримесечје да се ослободиме во голема мера од оваа болест, посочуваат од преспанско-пелагониската епархија на Денот на патронот на градот Св. Нектариј Битолски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното