Астероид ќе помине во близина на Земјата
Астероидот „2012 ТЦ-4“ денеска ќе помине покрај Земјата и тоа на растојание колку три и пол нејзини пречници, односно една деветина од растојанието меѓу нашата планета и Месечината.
Иако 44.000 километри делува како голема оддалеченост, во Вселената ова растојание е многу мало.
Сепак, според американската вселенска агенција НАСА, „2012 ТЦ-4“ нема да се судри со нашата планета.
Европската ЕСА пак, ја процени ширината на астериодот на 15 до 30 метри, а пак брзината на 17 километри во секунда. Според податоците на НАСА, масата на вселенското тело изнесува околу 7.000 тони.
Кога еден таков објект би удрил во Земјата, ефектот би бил еднаков на експлозија од 20 просечни нуклеарни проектили. Астероид со слични параметри и својства во 2013 година направи хаос во Русија, близу градот Чељабинск, иако притоа телото се распадна во атмосферата. Тогаш, 1.500 лица беа повредени, а 7.000 згради беа оштетени.
Експлозијата на астероидот кој пред 109 години го погоди Сибир, срамни со земја простор од 2.000 квадратни километри. Пречникот на тој објект бил 40 метри.
Според статистиката таквите катастрофи се случуваат еднаш во 300 години
Ново на Сител
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?