Арсовска од Волково: Нема повеќе улици со кал
Независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска денес беше на неформална средба, врата до врата во Волково, разговараше со жителите и вети дека заеднички ќе најдат решение за сите проблеми.
„Одиме секојдневно на терен, разговараме со жителите и досега детектиравме многу проблеми. Заедно со жителите ќе избереме приоритетни проекти за кои веднаш ќе почнеме да изнаоѓаме решение. Жителите во Волково најмногу реагираат на основните потреби, на нивото на хигиена, ѓубрето не се собира доволно често. Но најголем проблем е во делот на канализација и улиците со кал. Ветувам дека ова ќе ни бидат првите проекти кои ќе започнеме да ги реализираме, плански и ефикасно“, – изјави после средбата независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот