-->
-->
Зрновци ќе гради етно парк
-->
Изградба на етно парк во непосредна близина на спортските терени, на патот кој води кон Кочани, планира да гради Општина Зрновци.
Станува збор за уште еден проект за заштита на културното и етнолошко богатство на овој крај, по течението на Зрновска река. Предвидено е реализацијата да заврши до почетокот на летото
- Етно паркот кој ќе го отсликува минатото на нашиот крај ќе содржи повеќе елементи, подзаборавени содржини и исчезнати предмети како што се фурната за печење леб, казанот за печење ракија, бунар, чеза и коњска кола, автентични за овој крај. Со ова сакаме да ја збогатиме туристичката понуда на Зрновскиот крај, изјави градоначалникот Блаже Станков.
Според него, во туристичката понуда на Зрновци се и богатството од цркви и мананстири, кањонот на Зрновска река како и традиционалните народни специјалитети од јадења, стари и над стотина годи ни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата