Живот
9. December 2015 - 22:46

Жежок лет: Пилот и дозволил на проститутка да пуши во авион за да му ги покаже градите!

Пилот од Kuwait Airways можеби никогаш повеќе нема да седне да контролира авион, откако се раширија гласини дека во текот на еден лет во кабината се опуштил во друштво на две проститутки.

Безобразниот и развратен пилот за време на летот на релација Лондон-Њујорк во својата пилотска кабина ја повикал поранешната порно ѕвезда која се прослави со настапот во британскиот X Factor, дозволувајќи ѝ да си игра со командите од авионот.

За себа и за старлетата Кло Мафиа пилотот порачал шампањ, барајќи од неа цело време да му седи во скутот. Сето тоа искуство било толку „стресно“ за него, што испушил 40 цигари за време на прекуокеанскиот лет кој лета над Атлантикот.

Кло Мафиа, чие вистинско име е Кло Кан, журката од авионот ја фотографирала и снимала, објавувајќи ги фотографиите на социјалните мрежеи, а за медиумите открила дека пилотот од Kuwait Airways барал да му ги покаже градите, фалејќи ѝ се дека ги имал „поминато“ половина од стјуардесите. Старлетата од британскиот Вејкфилд, која сега живее во Калифорнија, за The Daily Star изјавила дека била шокирана од однесувањето на пилотот кој управувал со авион во кој имало 300 луѓе.

Таа открила дека пилотот, преку стјуардесата, ги повикал неа и нејзината пријателка во кокпитот, после што веќе не морале да бидат врзани со безбедносни појаси. Кога го прашала дали може да пуши и да има друштво во кокпитот, тој ѝ одговорил дека таа ги пишува правилата и дека другите малку претеруваат со сета таа безбедносна фама за време на летот.

„Ни покажуваше кое копче за што е и како работи, ни рече дека можеме да му седнеме во скут, да ја носиме неговата пилотска капа и да управуваме со авионот. Нешто турнав, ни сама не знам што, но тој рече дека е во ред и дека му е вклучен автопилотот. Беше одвратен, ни кажуваше дека сме секси и бараше од нас да му зборуваме вулгарности. Се виде дека се пали на тоа“, изјави Кло. За време на нивното дружење, копилотот не сакал да има ништо со нив, па се посветил на управување на авионот.