Loading Video...
Свет
3. July 2024 - 16:26

Преглед на вестите од светот

Граѓаните на Велика Британија утре избираат нов став на Парламентот.  Предизборните анкети укажуваат дека конзерватиците ќе заминат во опозиција по 14 години на власт,  а лабуристите на Кир Стармер ќе триумфираат, однсоно ќе освојат 484 од 650 места во британскиот парламент. За формирање влада потребно е мнозинство од 326 пратеници. Зголемените трошоци за живот и недоволното финансирање на јавните услуги се два клучни фактори зад желбата на гласачите за промени велат британски политички експерти.  Според анкетите,  Конзервативната партија предводена од премиерот Риши Сунак   ќе освои  само 64 места, што би бил најнизок изборен резултат од основањето на партијата во  1834 година.

- Немаме сè како што треба. Направивме грешки. Ја ценам и ја слушам вашата фрустрација, но кога ќе излезете на гласање во четврток, треба да запомните дека ова не се дополнителни избори. И особено, ако овие анкети се во право и лабуристите на власт со супер мнозинство, треба да размислите што ќе значи тоа, рече Сунак. 

- Имаме една работа, а тоа е да го направиме ова лето на промени, лето на промени.  Ја имаме таа решеност, таа намера и за пет години ќе можеме да погледнеме наназад и да кажеме дека навистина ви е подобро. Вашите јавни служби работат правилно, а економијата работи за сите истакна  Стармер. 

250.000 палестинци се принудени што е можно побрзо да го напуштат Кан Јунис во Појасот Газа , откако израелските власти  наредија евакуација на областа. Тоа ке ги  зголеми страдањата на цивилите и ќе ги зголеми хуманитарните потреби реагира светската органзиација. 

- Евакуација од таков масовен обем само ќе ги зголеми страдањата на цивилите и ќе ги зголеми хуманитарните потреби. Луѓето се оставени пред  невозможен избор да мораат да се преселат, некои најверојатно по втор или дури трет пат, во области кои едвај имаат простор или услуги, или да останат во област  каде што знаат дека борбите ќе се случат, изјави Стефан Дујарик, портпарол на ОН.

ИЗарелската војска вчера ја зидаде наредбата за евакуација и  најави напади  во Кан Јунис  откако во поделникот  борци на Хамас  истрелаа  најмалку 20 ракети од Кан Јунис кон изарелската заедница кои се граничат со Газа.

Урганот Берил го опустоши карипскиот остров Унион и однесе најмалку шест животи. Скоро  секој објект  е срамнет  или сериозно оштетен, патиштата се блокирани, столбовите за струја се паднати по улиците. Берил удри на островот како ураган од четвртта категорија, со ветрови од 240 километри на час.