Македонија
3. July 2024 - 12:19

Пациентите со механичка поддршка на срцето бараат поголем ангажман од државата

Пациентите со механичка потпора на срцето не отстапуваат од своите барања да се најде решение за трансплантација на срце. Овие лица се врзани со механичка пумпа 24 часа и се целосно зависни од напојување. Струјата и батериите им значат живот. Секојдневно животот им е на ризик па бараат во ситуација кога ќе има донор државата да обезбеди владин авион за да се донесат стручни лица од странство кои ќе ја изведат операцијата.

Јолески од Храбро срце вели дека инфраструктурни сме на дното во однос на трансплантација.

 Овие пациенти немаат едноставен живот. Секоја недела имаат преврски, проверка на електрониката, контроли и еден куп лекарства.