Македонија
3. July 2024 - 12:31

Јаневска: Можно е враќање на старата концепција за основно образование

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието ќе утврдат по кои учебници ќе учат седмоодделенците во претстојната учебна година бидејќи до 1 септември не ќе може да се отпечатат нови согласно новите наставни од Концепцијата за основно образование.

Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека за ден-два ќе биде соопштено во јавноста како ќе учат основците во седмо одделение, посочувајќи дека иако било соопштено дека учебници на 1 септември ќе има и за седмо одделение, „фактичката состојба е сосема различна.