Законските измени за недела неработен ден во матичната собраниска комисија
Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во прво читање, со којшто се определува недела како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци кај работодавачи во дејностите каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на работниот процес.
-Многу истражувања го утврдуваат значењето на рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот, како неопходен елемент во животот на работникот, затоа што оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и мотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и социјален, што ги задоволува неговите потреби и потребите на неговите блиски. Гледно во национален контекст, односите со семејството и пријателите се традиционални вредности коишто треба да се чуваат и развиваат. Дополнително, работникот треба да има време да се занимава со хоби, да спортува и да посетува културни настани, а сето тоа, вклучително и исполнетиот семеен и социјален живот ќе му помогнат на работникот да го канализира оптоварувањето на работното место и да биде попродуктивен, стои во образложението на Предлог законот од Министерството за труд и социјална политика.
За спроведување на овој закон, се потребни дополнителни финансиски средства од државниот Буџет.Врз основа на расположивите податоци за бројот на вработени во јавен сектор, кои би работеле во недела ( 30 проценти), просечната плата во земјата, се проценува дека фискалните импликации би изнесувале околу 43.100.000 денари месечно, односно 516.600.000 денари на годишно ниво.
Во Собранието е закажана и седница на Комисијата за одбрана и безбедност, која, пак, ќе расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, во прво читање.
Основна цел на предложените измени и дополнувања на законот е да се измени статусот на пиротехниарите од административни службеници во лица со посебни овластувања, како и да се усогласат правата на пиротехничарите со меѓународните норми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам