За косовскиот Уставен суд Законот за Трепча е уставен
Уставниот суд на Косово одлучи дека Законот за Трепча е уставен, отфрлајќи го барањето на Српската листа за оценување на уставноста како неприфатливо.
Српската листа тврди дека при усвојувањето на Законт за Трепча прекршени се законските и уставни процедури.
Сега Законот за Трепча треба да биде потпишан од претседателот на Косово и по објавување на одлуката во Службен весник веднаш ќе стапи во сила.
Претседателот на Српска листа, Славко Симиќ оцени дека „Уставниот суд на Косово, со отфрлање на барањето на пратениците од листата за преиспитување на уставноста на Законот за Трепча верификува политичка, а не законодавна одлука“.
- Ако Уставниот суд го одби нашето барање кое укажува на кршење на многу уставни одредби, ние ќе го одбиеме неговото спроведување, посочи Симиќ.
Ново на Сител
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први