Вработен во кралскиот двор признал дека крадел лични предмети од кралицата Елизабета па ги препродавал на И-беј
Адамо Канто, долгогодишен вработен во британскиот кралски двор, призна дека крадел лични предмети од кралицата Елизабета и нејзиното семејство, па ги продавал на И-беј. Тој на И-беј понудил 37 предмети, а кражбите ги извршил меѓу ноември 2019 и август 2020 година, пренесе Би-би-си.
Украдените предмети полицијата ги нашла во собата на Канто во кралската палата. Меѓу украдените предмети се и потпишани слики од принцот Хари, Вилијам и Кејт, како орден што му припаѓа на главниот слуга на дворот. Адамо украл и слика од државниот банкет направена при посетата на Доналд Трамп на Британија, која наводно вреди 2.000 фунти. Сите украдени предмети вредат меѓу 13 илјади и 135 илјади фунти.
Канто признал дека крадел од кралицата и додал дека поради пандемијата, кога голем дел од вработените во палатата речиси и не доаѓале на работа, тој имал пристап до простории во кои претходно не влегувал.
Според Би-би-си, Канто најверојатно ќе биде осуден на затворска казна.
Ново на Сител
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните