Возач на автобус бил нападнат со нож на релација Дортмунд-Белград
Возач на автобус бил нападнат на релација Дортмунд-Белград кај Линц во Австрија. Според извештаите од српските медиуми, нападот го извршил Хрват (25) кој со нож го нападнал возачот (40) од српска националност и неколку пати го прободел. Според информациите, сè се случило на паркинг. Патниците успеале да го запрат напаѓачот, а мажот бил пренесен во болница.
Австриската полиција и обвинителството ги утврдуваат причините за нападот.
Како што потврдил директорот на превозникот „Ласта“, Владан Секулиќ, драмата се одвивала во близина на Линц во Австрија.
– Патникот кој го нападнал возачот влегол на станицата во Линц. На нападот не му претходела расправија. Во еден момент тој станал од своето место и почнал чудно да се однесува. Извадил мало сечило и го ранил нашиот колега. Тој бил совладан од совозачот и другите патници, а нападнатиот возач се здобил со полесни повреди. Напаѓачот бил приведен од австриската полиција, а сите патници дале изјава – објаснил Секулиќ.
Ново на Сител
-
СДСМ: Инспекторатите работат на црно, сите контроли се незаконски
-
Стартуваат градежни активности во Општина Илинден
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници