Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
Законодавниот дом во Србија е под лупа откако вчера опозицијата предизвика инциденти за време на седницата. Обвинителството има полни раце работа откако по тензичната седница вечерта во собранието пристигнала и лажна дојава за бомба. Опозицијата ја бојкотира работата на денешната седница, сметаат дека владата во оставка нема легитимитет да носи нови закони. Бројот на повредени пратеници по инцидентите пораснал известија од парламентот.
Žao mi je što niko od njih ni na jedan način nije zapitao ili se izvinio onim ženama što su juče povredili - rekao je na konferenciji za medije narodni poslanik Milenko Jovanov
По инцидентите претседателот Вучиќ во изјава за Пинк рече дека ќе чека да слушне што ќе каже обвинителството, но дека нема да мирува се додека тие што ги предизвикале инцидентите не одговараат.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази загриженост по вчерашните инциденти во српскиот парламент и потсети дека ЕУ повикува на деескалација на тензиите и дијалог помеѓу сите засегнати страни за да се спроведат реформите неопходни за иднината на Србија во ЕУ.
„Многу сме загрижени поради нарушувањето на работата и насилството во српскиот парламент. Парламентот мора да биде место за демократска дебата во интерес на сите граѓани и мора целосно да ја одигра својата улога“порача Кос.
Инаку вчера опозициските пратеници предизвикаа хаос во парламентот. Шок бомби, солзавци, фрлање шишиња и јајца. Претседателката на собранието не ја прекина седницата која до крај се одржуваше во тензична атмосфера.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар