Македонија
4. March 2025 - 19:44

Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми

Секое трето дете во Македонија на возраст од 6 до 9 години има вишок на килограми. Поголем дел од нив, пак, се екстремно дебели. Овие алармантни бројки од Инситутот за јавно здравје укжуваат дека треба системски промени за надминување на оваа здравствена криза. 

Ако бројките се застрашувачки кај најмладите, уште  полошо е кај возрасните каде дебелината веќе предивикала копликации по нивното здравје. Најдебелиот пациет во земјата кој побарал помош во Центарот за обезност на Ендокринологија има 288 килограми. За прв пат обезни пациенти ќе можат да добијат кратење на желудник на дигестивна хирургија, а фондот за здравствено осигурување ќе ги покрива трошоците за 40. 

-Идејата е дека кога постојат силни медицински индикации, не естетски, кога тежината не може на ниеден друг начин да се контролира, да се пристапи кон овој начин на интервенција. Тука треба да признаеме дека веќе дебелината не ја гледаме како естетски проблем, туку како здравствен проблем, односно како вложување во здравјето на единките, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување. 

 Во Македонија веќе имаме два центри за третман на обезноста, еден во Клиниката за рамки на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички заболувања и еден во Градската општа болница „8 Септември“, а во најава е и отварање на центар за третман на обезноста во Прилеп, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

На хируршки интервенции ќе бидат препраќани обезни пациенти кај кои фармаколошката терапија не е доволна. Лекарите предупредуваат дека дебелината мора да биде третирана  како сериозна, комплексна хронична болест која може да резултира со инвалидитет. 

. Околу 215 милиони луѓе во светот имаат дијабет поради обезност, потоа срцеви заболувања, преку 200 милиони луѓе имаат висок притисок поради дебелината, околу пет милиони луѓе умираат поради обезност, 100.000 годишно умираат поради канцер, а причина е обезноста. Затоа е важно дебелината да се препознае како болест и да се интегрира во здравствените системи како основен приоритет за превенција и третман, изјави д-р Ирфан Ахмети, претседател на здружение за обезност. 

На Светскиот ден на дебелината, од ИЈЗ ги повикаа надлежните да биде ставен фокус на предупредувањата за штетната храна но и промена на политиките кои ќе водат до поздрав живот.