Продолжува расправата во грчкиот Парламент по барањето за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа
Расправата во грчкиот Парламент по барањето за гласање недоверба на Владата доставено од пратениците од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, што започна синоќа, продолжува и денеска, а гласањето ќе се одржи утревечер, најдоцна до полноќ, јави дописничката на МИА од Атина.
Иницијативата е на ПАСОК, а претседателот на партијата Никос Андрулакис вчера истакна дека барањето е потпишано од 85 пратеници од четири пратенички групи, како и независни пратеници и се однесува на како што рече „Владата чии дела претставуваат споменик на криминалната неспособност за трагедијата кај Темпи, Владата потопена во ароганција и корупција и Владата која ги прекина врските со реалните потреби на општеството“.
Текстот на барањето за недоверба се фокусира на железничката несреќа кај Темпи и безбедноста на транспортот, но се осврнува и на владеењето на правото, скандалот со прислушувањата и поскапувањата на цените.
Во текот на тридневната расправа ќе говорат, пратеници од сите партии, но и министри од Владата, додека пак не се очекува изненадување за време на гласањето, со оглед на тоа што пратеничката група на владејачката Нова демократија има мнозинство од 156 пратеници, од вкупно 300 во Парламентот.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека секој предлог за недоверба е добредојден, дека министрите ќе ги претстават нивните планови и амбиции за иднина, односно владината програма до 2027 година кога истекува мандатот и нагласи дека во петок вечер, за време на гласањето „одново ќе се потврди она што се подразбира, апсолутната обединетост на пратеничката група на Нова демократија“.
Паралелно со почетокот на расправата во Парламентот вчера во 19 часот пред Парламентот во центарот на Атина, се одржи нов, масовен протест за железничката несреќа, што заврши со сериозни инциденти меѓу групи маскирани лица и полицијата.
Ново на Сител
-
Немири пред и во градското собрание во Белград, приведени неколку лица
-
Маск: Американската поштенска служба и „Амтрак“ треба да се приватизираат
-
СВР-Битола апелира да не се палат стрништата на нивите
-
Нов Зеланд го отпушти својот амбасадор во Британија поради критички коментари за Трамп
-
Полска работи на укинување на практиката на зимско и летно сметање на времето
-
Приведен кичевец за „безобѕирно управување моторно возило “
-
Засилени сообраќајни контроли: 682 санкции за возачи, 68 за возење без возачка дозвола
-
Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите