Во Скопје вчера 7 сообраќајки, 9 повредени
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на седум сообраќајни несреќи, од кои една е со материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле девет лица.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се 20 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и осум возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или, пак зборувале на мобилниот телефон.
Затекнати се и 43 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 59 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамки на проектот за сообраќајна култура на децата во предучилишни установи Одделението за превенција при СВР - Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Весели цветови“, објект „Перуника“, која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември