Бизнис
27. јуни 2024 - 19:49

„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании

Македонската економија низ бројки – ова е новиот проект на Бизнис лидер,  кој  ќе објави кои се најпрофитабилни компании, кои вработуваат најмногу работници,  од кој секотор бележат најбрз раст , каде се вратат најмногу пари и колку жени има на раководни позиции. Податоците покажуваат дека најголемите 500 компании  имаат вкупни приходи од 21,2 милијарди евра.. Во нив работат  над 173 илјади лица, или  25% од вкупниот брј вработени во земјава

- Ќе бидат обајвени и најдобрите стартапи, најброрастечки компании, кои имаат над 200% раст на вкупните приходи, ќе ја откриеме и најградиме и најбонитетната  компанија во нашата држава, вели Огнен Огненовски, Таргет груп

Целта на проектот е да се да се поврзат претприемачите со инвестроторите, како и  клучните чинители на бизнис климата во земјава, за да  креираат подобри закони и позитивна  атмосфера за водење бизнис.  Спонзор на проектот е Халк банка

Податоците уште се собираат, рангирањето ќе содржи 60 различни категории, кои ќе бидат обајевни на 16 ти октомври годинава.