Македонија
27. јуни 2024 - 16:33

Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени

Официјална Софија во обид да ги зајакне своите позиции во Брисел по најавата на премиер Мицкоски бара нови разговари за уставните измени што ги бара Бугарија. Привремениот бугарски премиер Главчев на состаноците на Европскиот совет денеска и утре ќе побара од неговите европски колеги да се повторат позициите на ЕУ во врска со Македонија и да се повика државата да ги исполни своите обврски.

Главчев очекува поддршка за ставовите и од грчкиот колега. Бугарскиот премиер ќе го покрене прашањето, но пред состаноците не знаеше дали дебатата би завршила и во форма на официјални заклучоци на Европскиот совет, како што претходно информираше бугарското МНР.

Офанзивата на Главчев во Брисел, доаѓа по вчерашните изјави на бугарскиот претседател Радев и на лидерот на ГЕРБ Борисов дека Македонија не може да се надева на поддршка во евроинтеграциите доколку не бидаат исполенти условите од преговарачката рамка. Тие реагира на изјавата на премиерот Мицкоски дека и како премиер нема да прифати бугарски дикатат.

Синоќа и грчкиот премиер Мицотакис на партиски состанок на Нова демократија уште еднаш испрати порака дека од македонска страна не бил почитуван Преспанскиот договор.

Сепак, нема информација дека прашањето за Македонија во Брисел ќе биде отворено и од Грција.