-->
-->
Во длабока старост, почина првоборец и носител на партизанска споменица 1941
-->
Вчера во Скопје на 94 години почина Благојка Џалева-Ангелова, првоборец и носител на партизанска споменица 1941.
Благојка Џалева-Ангелова, е учесник во НОБ и Антифашистичката војна и за својата активност и за изградбата на повоена Македонија е одликувана со повеќе ордени и признанија.Работниот век го помина во Агенцијата за вработување на високи раководни функции.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре од 12 до 13 часот во капелата на гробиштата во Бутел, а погребот ќе се изврши во 13 часот во Алејата на великаните. По повод смртта на Благојка Џалева-Ангелова, телеграми со сочувство до семејството, испратија претседателите на Главниот и на Градскиот одбор на борците Вера Бунтеска и Трајко Стаматоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември