Македонија
5. December 2022 - 12:00

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Арсовска делат провизии од тендери

Тендерот од 27 милиони евра за набавка на нафта за потребите на ЈСП, потпишан од директорот на тоа претпријатие кадар на СДС Александар Стојковски е без вообичаениот рабат, односно попуст од 6 денари по литар.

Попуст за набавка на нафта во ЈСП секогаш во минатото имало, дури и во времето на Шилегов, но не и со Арсовска.

Тендерот за набавка на нафта е за набавка од 14.500.000 литри. Со попуст од 6 денари, тоа се 1.400.000 евра заштеда. Оваа набавка е од компанија на пратеник од власта.

1.400.000 евра се сосема повеќе од доволни за да го решат проблемот со превозниците. Но очигледно поважно е овие пари да завршат во нечиј џеб, отколку за скопјани.

Дали Арсовска и Ковачевски наместо пари за превозниците на средбата договарале провизија од набавката на нафта за ЈСП која ја доби фирма на пратеник од власта?

Дали сите провизии на ЈСП и на Арсовска ги договара еден нејзин роднина и уште еден сметководител бизнисмен од Ѓорче Петров?

Ковачевски и Арсовска на тајните средби кои ги имаат да го побараат овој попуст за ЈСП, и така да заштедат пари, наместо истите да одат кај луѓе од нивното опкружување и сметководители со сомнителни дејанија.

Скопје заслужува решение. Проблем има затоа што Ковачевски и Арсовска мислат на тендери, а не на скопјани.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ