Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
Англиски Вест Хем се обиде да го ангажира напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик во јануари, но од „Сантијаго Бернабеу“ категорично одбиле да го пуштат, објави шпанскиот медиум „АС“.
Тимот од Лондон упатиле понуда за позајмица до крајот на сезоната и дури биле подготвени да платат одредена сума, како и да ја покријат платата на играчот, но ниту тоа не го убедило раководството на „белите“.
Ендрик летото пристигна во Реал Мадрид со репутација на еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, но барем засега не успеа посериозно да се наметне во тимот и добива мала минутажа од Карло Анчелоти во конкуренција на Килијан Мбапе, Винисиус и Родриго.
Вест Хем на крајот го сврте вниманието кон Еван Фергусон и успеа да ги обезбеди услугите на напаѓачот на позајмица до крајот на кампањата
Ново на Сител
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните