Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица
Утрово најстудено било во Берово, каде се измерени -13 степени целзиусови, а најтопло во Струмица -4 степени. Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината на снежната покривка изнесува 31 сантиметар.
Како што информира УХМР, -11 степени се измерени во Маврови Анови, -10 Крива Паланка, -9 Демир Капија, Попова Шапка, Крушево, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, -8 Тетово, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, -7 Кавадарци, Виница, Пожаране, Штип, -6 Гевгелија и -5 Охрид и Претор.
Висината на снежната покривка во 7 часот изнесувала 31 сантиметар во Попова Шапка и 8 сантиметри во Маврови Анови.
Времето денеска наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот