Уапсена Љубов Собол, пред планираните протести низ Русија заради третманот на Алексеј Навални во затворот
Униформирани полицајци денеска ја уапсија Љубов Собол, блиска соработничка на рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, напиша на Твитер нејзиниот адвокат Владимир Вороњин.
Британските медиуми го цитираат адвокатот кој наведува дека засега не познато каде Собол е однесена.
Нејзиното апсење се случува пред планираните протести низ Русија за поддршка на Навални, строгиот критичар на официјален Кремљ.
Приврзаниците на Навални планираат да протестираат против влошувањето на неговото здравје во затворот, потврдија повеќе светски агенции, наведувајќи дека полицијата ги апси соработниците и приврзаниците на Навални.
Истовремено денеска е соопштено и дека рускиот претседател Владимир Путин се очекува да и се обрати на нацијата, во екот на затегнатите односи меѓу Русија и ЕУ, токму поради случајот Навални, кој од февруари е во затвор и во меѓувреме дојде до сериозно нарушување на наговата здравствена состојба.
Навални веќе три недели штрајкува со глад и од пред два дена е префрлен во затворска болница.
Ново на Сител
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми Септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот