Македонија
2. July 2024 - 16:39

Укинати економските директори во здравството

Конечно нема повеќе двојно менаџирање во здравството. На денешната владина седница укинати се економските директори. Со измените на законот за здравствена заштита нема да има задолжителен врзан потпис на клиниките и останатите јавни здравствени установи со над 1000 вработени. За да стапат на сила треба деновиве да бидат изгласани во Собрание.

Со ова се разрешуваат 22 –ца  организациски директори со мандат од минатата владејачка гарнитура и 5 –мина вршители на должност. Минатата недела министерот Таравари им даде отказни решенија на 8 в.д економски на исто толку клиники меѓу кои и на Бесија Иљази од Токсикологија.

Инаку по двајца директори на Клиниките беа воведени во 2007 година за поголема одговорност и порационално работење, но во здравството и понатаму се трупаа долгови, а нивните месечни приходи се движеа од 1000 до 1500 евра.

Сите претходни министри најавуваа дека ќе ги укинат и Таравари во 2017-та, Филипче, Сали и Меџити, но оваа позиција си постоеше.