Бајден: Никој не е над законот, дури ни претседателот на САД
Американскиот претседател Џо Бајден, по одлуката на американскиот Врховен суд со кој на Доналд Трамп и на другите претседатели им даде широк имунитет од кривично гонење, рече дека пресудата го поткопува владеењето на правото.
Судската одлука прави речиси сигурно дека Трамп нема да се соочи со судење во Вашингтон пред ноемвриските избори, на кои тој е републикански претседателски кандидат, за неговите постапки за време на насилните немири на 6 јануари 2021 година, наведува Гласот на Америка.
„Никој не е над законот, дури ни претседателот на САД“, рече Бајден во Белата куќа.
За време на кусото обраќање, Бајден не ја спомна минатонеделната дебата или неговиот настап и не одговараше на прашања.
„Знам дека ќе ги почитувам ограничувањата на претседателската моќ како што поставував и за време на изминатите три и пол години, но секој претседател, вклучително и Доналд Трамп, сега ќе може слободно да го игнорира законот“, рече Бајден.
Американскиот Врховен суд вчера донесе историска пресуда за случајот на Доналд Трамп, кој побара тој суд да одлучи дали како поранешен претседател има имунитет од кривично гонење.
Со 6 конзервативни гласа „за“ и 3 либерални гласа „против“, највисокиот суд во Америка одлучи дека поранешните претседатели имаат апсолутен имунитет од кривично гонење за дела сторени додека биле на функција, додека немаат имунитет за дела извршени надвор од функцијата.
Врховниот суд на САД не одлучи сам како конкретно да го примени тоа во случајот на Трамп, а главниот судија Џон Робертс рече дека за тоа треба да одлучат пониските судови.
Ново на Сител
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана
-
Пожари во Гевгелија и штипско Караорман
-
Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот
-
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам