Loading Video...
Свет
2. July 2024 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е во Киев,  за прв пат од почетокот на војната во Украина и по само еден ден откако Унгарија го презеде претседавањето со ЕУ. Целта на унгарското претседателство е да придонесе за решавање на предизвиците пред ЕУ. Затоа моето прво патување е во Украина рече Орбан.

Моето прво патување водеше овде бидејќи прашањето за мирот не само што е најважно за Украина, туку и за Европа. „Го замолив претседателот Зеленски  да размисли дали можеме да ја смениме наредбата и да ги забрзаме мировните разговори, така што прво ке почнеме со прекин на огнот, истакна Орбан.

Орбан и Зеленски разговарале  и за долгогодишните проблеми помеѓу двете земји и чекорите кон подобрување на односите.

- Денеска разговаравме со господинот премиер Орбан за најважните прашања за нашите односи, за нашите соседски односи. Трговијата, прекуграничната соработка, инфраструктурата и енергетските прашања, разговаравме и за хуманитарната сфера денес, за сето она што влијае на животите на нашите луѓе во Украина и Унгарија“, истакна Зеленски.

Врховниот суд на САД донесе историска пресуда. Поранешните претседатели имаат имунитет од кривично гонење за дела сторени  додека биле на функцијата. Со одлуката на Врховниот суд, одложен е случајот во Вашингтон против Доалд Трамп поради обвиниенијата дека се обидел да ги поништи резултатите од претседателксите избори во 2020 година. Случајот сега се враќа на понизок суд, кој ќе одлучи дали дејствијата на Трамп биле службени или приватни.  Претседателот Бајден со критики за одлуката на врховниот суд. 

Црвеното ниво за безбедност во Србија ќе биде на сила уште неколку денови објави премиерот Вучевик. Изјави и дека сите безбедосни служби во Србија се анагажирани на откривање  на верски екстремистички келии. Србија  го вклучи црвеното ниво на предупредување поради опасност од терористички напад  во саботата  по нападот со стрела врз млад полицаец пред израелската амбасада во Белград, извшрен од етнички србин за кој српските служби тврдат дека преминал во радикален   ислам. Српските власти информираа дека вчера попладне во дворот на министерството  за внатрешни работи уапсиле 56 годишен маж кај кој биле пронајдени самострел и неколку ножеви.  Лицетото не било на списокот на екстремисти па полицијата истражува зошто го носел оружјето.