Свет
6. September 2023 - 12:13

Тропски циклон: 22 лица загинаа на југот на Бразил

Најмалку 22 лица загинаа како последица на тропскиот циклон што го зафати јужниот дел на Бразил.

Регионалниот гувернер Едуардо Леите изјави дека прогласена е вонредна состојба во повеќе од 20 градови и дека 15.000 луѓе се евакуирани.

Тој потврди дека циклонот предизвикал поплави и лизгање на земјиштето.  Леите изјави дека 22 смртни случаи се потврдени во државите Рио Гранде до Сул и Санта Катарина на границата со Аргентина и Уругвај. Леите истакна дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Според него, циклонот погодил 60 градови. Реките се излеаја, а операциите за пребарување и спасување се отежнати. – Ќе ја видиме вистинската големина на штетата кога водата ќе се повлече, додаде Лејте.

Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат граѓани чии куќи се под вода и чекаат помош, качени на покривите.