-->
-->
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава
-->
Во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 286 возачи, соопштија денеска од МВР.
Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот