Тропски циклон: 22 лица загинаа на југот на Бразил
Најмалку 22 лица загинаа како последица на тропскиот циклон што го зафати јужниот дел на Бразил.
Регионалниот гувернер Едуардо Леите изјави дека прогласена е вонредна состојба во повеќе од 20 градови и дека 15.000 луѓе се евакуирани.
Тој потврди дека циклонот предизвикал поплави и лизгање на земјиштето. Леите изјави дека 22 смртни случаи се потврдени во државите Рио Гранде до Сул и Санта Катарина на границата со Аргентина и Уругвај. Леите истакна дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Според него, циклонот погодил 60 градови. Реките се излеаја, а операциите за пребарување и спасување се отежнати. – Ќе ја видиме вистинската големина на штетата кога водата ќе се повлече, додаде Лејте.
Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат граѓани чии куќи се под вода и чекаат помош, качени на покривите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари