Македонија
29. April 2024 - 12:50

Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје

Денеска во 02.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода В.Ч.(25) од Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“ по барање на Интерпол.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.