Свет
29. April 2024 - 9:56

Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија

Петмина милитанти се убиени во руската република Карачај-Черкесија, откако фрлиле бомба врз полицијата и отвориле оган, при што загинале двајца полицајци, а четворица биле повредени, соопшти денеска полицијата на Телеграм.

Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачите од автомобилот фрлиле бомба кон патролата на сообраќајната полиција и отвориле оган од автоматско оружје.

Во конфликтот загинаа двајца полицајци, а ранети се двајца сообраќајни службеници, еден полицаец од областа Курган и еден припадник на Националната гарда, пренесе РИА Новости.