-->
-->
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-->
Навивач на германскиот фудбалски прволигаш Хофенхајм, кој фрли пиротехничко средство на бундеслигашкиот натпревар против Аугсбург минатата есен, е осуден денеска на затворска казна од три години, јавија агенцијата ДПА.
Во инцидентот кој 28-годишниот навивач го предизвика на 11 ноември лани, фрлајќи петарда од трибината со гостински навивачи, беа повредени 14 лица, меѓу кои пет деца.
Обвинителство на процесот во судот во Аугсбург бараше насилникот да биде осуден на казна затвор од четири години и десет месец, истакнувајќи дека чинот бил „особено непромислен“.
Навивачот, кој во текот на судскиот процес ја призна вината и повеќе пати јавно се извини, е во притвор повеќе од пет месеци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп