Македонија
5. January 2016 - 13:49

Трговската размена со странство до ноември лани 9,935 милијарди долари

Надворешно-трговската размена на Република Македонија во периодот јануари - ноември 2015 година изнесувала 9.935.210.000 долари. Вкупната вредност на извозот е 4.123.350.000, а на увозот 5.811.860.000 долари, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит до номеври лани бил 1.688.510.000 долари, а покриеноста на увозот со извоз, изнесува 70,9 отсто. 

Најголемо е учеството во изозот имале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи).

Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Македонските компании од јануари до ноемви 2015 година најмногу тргувале со фирми од земјите членки на Европската унија.гв/са/13:20